САД тврдат дека убиле еден од водачите на џихадистите во напад во Сирија

Сподели со своите пријатели

Американската војска убила еден од водачите на сирискиот огранок на Ал Каеда, Хурас ал-Дин, огранок кој објави дека се распушта, соопшти денеска командата на американската војска за Блискиот Исток (Центком).

Loading...

„На 30 јануари силите на CENTCOM извршија прецизен напад во северозападна Сирија, гаѓајќи го и убивајќи го Мухамед Салах ал Забир, висок член на терористичката организација Хурас ал-Дин, поврзана со Ал Каеда“, се вели во соопштението објавено на платформата Х.

САД, чија војска е распоредена во Сирија како дел од меѓународната коалиција создадена во 2014 година за борба против џихадистите на Исламската држава, редовно извршува напади во земјата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што значи за светот политиката на Трамп за „два рода“?

Малата џихадистичка група Хурас ал-Дин, сирискиот огранок на Ал Каеда, неодамна објави дека ќе биде расформирана, додавајќи дека одлуката ја донела по падот на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Групата е на американската листа на терористички организации.

Бунтовничката коалиција предводена од радикалната исламистичка група Хајат Тахрир ал-Шам ја презеде власта во Дамаск по соборувањето на Асад на 8 декември.

Новите сириски власти најавија дека сакаат распуштање на сите вооружени групи.

Хурас ал-Дин, во кој има странски џихадисти, се наоѓаше во планинските области на северозападна Сирија, која беше упориште на бунтовниците пред да ја преземат власта во Дамаск.

Loading...