САД тестирале хиперсонична ракета во средината на март, но тестот бил спроведен тајно за да се избегне ескалација на тензиите со Русија, објави Си-Ен-Ен, цитирајќи неименуван претставник на одбраната.
Вашингтон не зборуваше за истрелување ракета поради планот на американскиот претседател Џо Бајден да ја посети Европа.
Пјонгјанг ќе ја гаѓа Јужна Кореја со нуклеарно оружје доколку биде нападнат
Телевизијата Си-Ен-Ен објави дека САД од бомбардерот „Б-52“ го испукале таканаречениот Hypersonic Air Weapons Concept.
Во извештајот се наведува дека тестот бил извршен во Тихиот Океан и дека проектилот прелетал 480 километри, на надморска височина од 19 километри.
Си-Ен-Ен додава дека ова е второ успешно тестирање на споменатиот тип проектил, а првото било извршено во септември минатата година.