САД ставија вето на резолуцијата на ОН за Ерусалим
On:
Сподели со своите пријатели
Соединетите Американски Држави ставија вето во Советот за безбедност на Обединетите нации на резолуцијата со која се повикува на повлекување на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, Ерусалим да го признае за престолнина на Израел, додека преостанатите 14 членки на Советот гласале „за“ нацртот на резолуцијата.
Во тесктот на резолуцијата во кој Советот за безбедност на ООН вечерва гласаше, а кој го подготви Египет, се изразува длабока жал поради неодамнешните одлуки во врска со статусот на Ерусалим, иако не се споменуваат ниту САД ниту Трамп, наведува британската агенција.
Ви нацртот се истакнува дека било каква одлука или акција за измена на карактерот, статусот или демографскиот состав на Светиот град Ерусалим нема правен ефект, ништовна е и неважечка, па мора да се отфрли во рамките со релевантните резолуции на Советот за безбедноста.
Дипломатите, при гласањето, рекле дека нацрт резолуцијата има широка поддршка помеѓу 15 членови на Советот за безбедност и дека, иако се мали шансите резолуцијата да биде усвоена, оваа гласање дополнително ќе го изолира Трамп кога станува збор за Ерусалим.