САД се закануваат со санкции за Грузија поради законот за странски агенти

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер изјави дека САД нема да се двоумат да воведат санкции кон Грузија поради Законот за транспарентност на странското влијание, кој стапи на сила вчера во таа земја откако беше потпишан од претседателот на парламентот Шалва Папуашвили.

Loading...

Милер на прес-конференција рече дека САД се „многу загрижени поради законот што ја поместува Грузија од нејзиниот демократски пат и може да ги стигматизира граѓанските општества и да ја задуши слободата на собирање и слободата на говорот“.

Тој потсети дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен најави сеопфатен преглед на односите со Грузија, што потенцијално ќе ги загрози милионите долари што земјата ги добива од САД, како и новата визна политика што наскоро ќе стапи на сила.

Според законот кој вчера стапи на сила во Грузија, невладините организации кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство ќе треба да се регистрираат како „агенти на странско влијание“.

Владата на Грузија тврди дека законот е неопходен за да се зачува транспарентноста и да се спречи земјата да влезе во конфликт со Русија.

Донесувањето на законот беше проследено со масовни протести на опозицијата и на граѓаните, портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер изјави дека Соединетите Американски Држави нема да се двоумат да воведат санкции кон Грузија поради Законот за транспарентност на странско влијание. во таа земја вчера стапи на сила откако беше потпишан од претседателот на парламентот Шалва Папуашвили.