САД: Русија би можела да употреби хемиско оружје во Украина

Сподели со своите пријатели

Русија би можела да планира напад со хемиско или биолошко оружје во Украина и сите ние треба да бидеме внимателни, велат од Белата куќа.

Loading...

Портпаролката на Бајден Џен Псаки изјави дека тврдењата на Русија за американските лаборатории за биолошко оружје и развојот на хемиско оружје во Украина се апсурдни.

 

Зеленски: Директен дијалог со Путин може да го реши конфликтот

 

Таа ги нарече трик со кој Русите сакаат да оправдаат понатамошни намерни, неиспровоцирани напади.

„Сите треба да внимаваме на можноста Русија да користи хемиско или биолошко оружје во Украина“, додаде таа.

„Имаме добра причина за загриженост“

Loading...

Западните власти споделија слична загриженост за новите напади.

 

1,4 МИЛИОНИ ПРЕГЛЕДИ! Украинци со голи раце и со малку вода деактивираат руска бомба! (ВИДЕО)

 

Тие рекоа дека се многу загрижени поради ризикот од ескалација на војната, особено можноста Русија да користи неконвенционално оружје, пренесува Би-Би-Си, додавајќи дека најверојатно ќе се користи хемиско оружје, иако терминот вклучува тактичко (мало) нуклеарно оружје, биолошко оружје и валкани бомби.

„Имаме добра причина за загриженост“, рече еден западен функционер, потсетувајќи дека руските сојузници во Сирија користеле хемиско оружје.