Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, рече дека САД „продолжуваат да прават погрешни проценки“ денес, како што правеа пред иранската револуција во 1979 година.
Тој преку видео врска присуствуваше на состанокот одржан во неделата во иранскиот град Комо, јави Анадолија.
Посочувајќи дека Америка направила грешки во проценките пред револуцијата во 1979 година и испратила воени претставници да го поддржат иранскиот шах, Хамнеи рече дека САД „направиле погрешни проценки со убиството на Сулејман“.
Иранскиот генерал Касем Сулејмани беше убиен на 3 јануари 2020 година во напад со американско беспилотно летало во близина на аеродромот во Багдад.
Во нападот е убиен и заменик-командантот на ирачките сили за народна мобилизација, Абу Махди ал-Мохандис.
Во врска со нуклеарните преговори во Виена, Хамнеи рече дека Иран никогаш нема да се предаде.
„Преговорите, разговорите и односите со непријателот не значат предавање. Досега не сме се предале, а нема ни во иднина“, додаде тој.