САД продаваат 30 хеликоптери на Израел? Договор вреден 3,8 милијарди долари!

Сподели со своите пријатели

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побара одобрение од Конгресот за продажба на оружје на Израел во вредност од речиси шест милијарди долари, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање.

Предложената продажба на оружје на Израел вклучува договор од 3,8 милијарди долари за продажба на 30 хеликоптери „Ах-64 Апачи“, објави „Ројтерс“.

Договорот од 1,9 милијарди долари е за продажба на 3.250 пешадиски јуришни возила за израелската војска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Државниот обвинител на САД поднесе оставка по зборовите на Трамп