Официјалната американска проценка за бројот на убиени руски војници во инвазијата на Украина е меѓу пет и шест илјади, изјавија официјални лица за CBS News.
Loading...
Бројот на повредени се проценува на меѓу 15.000 и 18.000, врз основа на претпоставката дека бројот на ранетите е обично три пати поголем од бројот на убиените.
Еден американски функционер, кој сакаше да остане анонимен, ги нарече „многу високи загуби“ и ги спореди со некои од битките во Втората светска војна.
Украина тврди дека 12.000 руски војници загинале во борбите.
Loading...
Русија минатата недела призна 500 жртви.
Би-Би-Си нагласува дека сите овие податоци се многу тешки за проверка.