Пред средбата меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин, која ќе се одржи во петок во Алјаска, Министерството за финансии на САД привремено укина дел од санкциите против Русија.
Ова им овозможи на руските функционери да учествуваат во преговорите трансакции.
Одлуката ја објави Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC), со појаснување дека ослободувањето важи до 20 август. Тие нагласија дека ова не значи враќање на запленетиот руски имот.
Не е прецизирано за кои лица или организации се однесува ова привремено суспендирање на санкциите.
Oд почетокот на руската инвазија на Украина, САД воведоа бројни санкции против руски компании, функционери и самиот претседател Путин.
Иако Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на Путин, тој нема да биде уапсен додека е во САД на разговори, бидејќи САД не се членка на судот.