Агенцијата за сајбер безбедност и безбедносна инфраструктура и Федералното биро за истраги издадоа предупредување за можни сајбер напади врз американски и меѓународни сателитски комуникациски мрежи.
Loading...
Новото предупредување дојде откако сателитски модеми на илјадници корисници во Европа беа исклучени кога Русија започна инвазија на Украина. Нападот ја погоди и американската телекомуникациска компанија Висат.
По нападот на Висат, започна истрага за сајбер напад кој им се закануваше на илјадници корисници ширум Европа. За време на нападот, корисниците не можеа да пристапат на Интернет. Наведувајќи го овој пример, агенциите предупредуваат дека слични напади се очекуваат и во иднина.