САД предупредија за можен терористички напад врз нивните објекти во Нигерија

Сподели со своите пријатели

Амбасадата на САД во Нигерија издаде безбедносно предупредување за своите граѓани поради можна терористичка закана насочена кон американските објекти и училишта поврзани со САД. Предупредувањето за западноафриканската земја беше издадено доцна во понеделник, пишува Ројтерс.

Апел за претпазливост

Во соопштението се советуваат американските граѓани да преземат дополнителни мерки на претпазливост при посета на амбасадата во главниот град Абуџа и американскиот конзулат во комерцијалниот центар Лагос.

Апелот за претпазливост важи и за училиштата поврзани со САД. Амбасадата не објасни за природата на безбедносната закана.

Тензии поради проиранските протести

Амбасадата е во состојба на висока готовност откако САД и Израел започнаа координирани напади врз Иран. Нигериските власти, исто така, ја засилија безбедноста во Абуџа во последните денови по заканите од проиранските протести.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сестрата на Ким Џонг Ун: Вежбите на САД и Јужна Кореја се провокативна воена проба

Во северна Нигерија, дом на значајно шиитско муслиманско малцинство под влијание на Иран, илјадници луѓе излегоа на улиците во поддршка на Иран.