САД повторно се приклучија на меѓународниот договор со кој се ограничува пристапот до абортус

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Марко Рубио најави дека САД повторно ќе се приклучат на меѓународниот договор кој, според критичарите, има за цел да го ограничи пристапот до абортус за милиони жени и девојки ширум светот.

Loading...

„Денеска САД ги известија потписниците на Женевската декларација за нашата намера веднаш повторно да се приклучиме на овој договор“, се вели во изјавата на Рубио, пренесе Ројтерс.

Женевската декларација (ГЦД) беше подготвена од Соединетите Американски Држави, Бразил, Уганда, Египет, Унгарија и Индонезија во 2020 година, за време на првиот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп.

Администрацијата на САД тогаш тврдеше дека целта на Декларацијата е да се подобри здравствената заштита на жените, да се зачува човечкиот живот, да се зајакне семејството како основа на општеството и да се заштити суверенитетот на секоја нација.

Тој пакт сега има повеќе од 35 потписници.

Американскиот Стејт департмент вчера соопшти дека една од четирите цели на договорот е „заштита на животот во сите фази“.

Абортусот е многу контроверзно прашање во американската политика.

Во 2022 година, Врховниот суд на САД одлучи да го укине правото на абортус на национално ниво.

Loading...