САД побараа објаснување од Израел за убиството на цивили на Западниот Брег

Сподели со своите пријатели

САД побараа информации од Израел по убиството на цивил за време на денешниот напад на израелските сили во бегалскиот камп Џенин на Западниот Брег, изјави највисоката функционерка на Стејт департментот за Блискиот Исток, Барбара Лиф.

Loading...

Пред патувањето на државниот секретар Ентони Блинкен во регионот, американските власти побараа објаснување во врска со инцидентот, изразувајќи жалење за цивилните жртви, објави Ројтерс.

Според палестински извори, најмалку 16 лица се ранети.

Израелската војска потврди дека денеска извршила операција во областа на Западниот Брег, но не соопшти дополнителни детали.

Израел почна со чести рации на Западниот Брег во пролетта минатата година, како одговор на серијата палестински атентати во израелските градови во кои загинаа 19 луѓе.

Според Израел, целта на рациите на Западниот Брег е да се пробие мрежата на палестински милитанти и да се спречат идни напади во израелските градови.