САД одржале состаноци со странски дипломати од 40 земји во Вашингтон и Пекинг и ги информирале за нивните наоди поврзани со кинескиот шпионски балон.
Американскиот заменик државен секретар Венди Шерман информирала околу 150 странски дипломати во 40 амбасади, соопшти висок извор во американската администрација, пренесува Ројтерс.
Од истата причина, странски дипломати се собраа во американската амбасада во Пекинг.
Во саботата, САД соборија наводен кинески шпионски балон кој леташе над американската територија неколку дена.
Пентагон во четвртокот соопшти дека американската војска открила кинески балон за набљудување на голема височина над континенталниот дел на САД.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи во петокот изјави дека балонот бил цивилен и се користи за метеоролошки и други научни цели и дека непланирано и отстапил од предвидениот курс.