САД одобрија продажба на израелско-американски ПВО системи на Германија

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави денеска одобрија продажба на израелско-американскиот противракетен одбранбен систем Arrow-3 на Германија за вкупна вредност од 3,5 милијарди долари.

Loading...

Овој договор е најголемиот воен договор во историјата на Израел, соопшти израелското Министерство за одбрана, пренесе Ројтерс.

Израел и Германија ќе потпишат писмо за намери со аванс од 600 милиони долари за започнување со работа на овој проект, се вели во соопштението и се додава дека целиот договор ќе биде потпишан до крајот на 2023 година.

Соединетите Американски Држави се партнери во проектот Arrow, кој заеднички го развија израелската организација за ракетна одбрана и Американската агенција за ракетна одбрана.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Дали Трамп воопшто ќе ја забележи Европа?

Војната на Русија во Украина го изложи проблемот со недостигот на копнени системи за противвоздушна одбрана како што се Rayton, Patriot или поновиот систем IRIS-T во многу западни земји.

Додека Patriot и IRIS-T покриваат воздушен простор до средна височина, хиперсоничниот антибалистички ракетен систем Arrow-3 произведен од израелската компанија Aerospace Industries и американскиот Boeing се користи за одбрана на егзосферата, највисоките слоеви на атмосферата на Земјата.