Американскиот Стејт департмент соопшти дека одобрил можна продажба на муниција и сродни воени услуги на Израел, вклучувајќи 12.000 воздушни бомби.
Вредноста на договорот е околу 151,8 милиони американски долари, според соопштението, а постапката е спроведена без да се достави предлог за продажба до американскиот Конгрес за разгледување, објавува Ројтерс.
„Државниот секретар Марко Рубио утврди и даде детално објаснување дека постои вонредна ситуација што бара итна продажба на Владата на Израел на горенаведените одбранбени производи и одбранбени услуги во интерес на националната безбедност на САД, со што се откажува од барањето за преглед од страна на Конгресот согласно член 36(б) од Законот за контрола на извозот на оружје“, се вели во соопштението.
Пакетот, исто така, вклучува инженерски, логистички, технички услуги за поддршка и други сродни елементи на логистика и програмска поддршка од страна на американската влада и изведувачите, според соопштението, пренесува Танјуг.

