САД одобрија дополнителна воена помош од 350 милиони долари за Украина

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека оваа земја одобрила дополнителни 350 милиони долари американска воена помош за Украина, пренесува Си-Ен-Ен.

Loading...

„Денес, додека Украина храбро и гордо се бори против бруталниот и неиспровоциран напад на Русија, во согласност со делегацијата на претседателот одобрив 350 милиони долари за директна поддршка за одбраната на Украина“, рече Блинкен.

Според Си-Ен-Ен, претседателот Џо Бајден му наредил на Блинкен да издвои до 350 милиони долари за директна поддршка на одбраната на Украина, се вели во писмото објавено од Белата куќа во петокот.

„Овој пакет ќе вклучува натамошна одбранбена помош за да и помогне на Украина да се соочи со оклопните, воздушните и другите закани со кои се соочува сега. Ова е уште еден јасен сигнал дека САД стојат покрај народот на Украина додека ја бранат својата суверена, храбра и горда нација. “, додаде Блинкен.

Како што претходно напиша француски „Ле Монд“, претседателот на Франција, Емануел Макрон најави доставување дополнителни 300 милиони евра помош за Украина, заедно со воена опрема.