Американската администрација за храна и лекови (ФДА) одобри употреба на подобрени вакцини против Ковид-19, кои покажаа ефикасност во заштитата од широко распространетиот вид Омикрон.
Во пракса, тоа значи дека нивната употреба би можела да започне на крајот на септември, пренесува АП.
Во понеделникот, ФДА даде зелено светло за употреба на вакцини ефективни против варијантата KSBB.1.5, направени од Pfizer/Biontech и фармацевтската компанија Модерна, додека вакцината Новавакс сè уште се анализира од здравствените власти.
Одобрението за употреба на подобрени вакцини беше издадено од американските власти во времето на зголемувањето на бројот на заболени од Ковид и брзото ширење на сојот наречен „ерис“, во САД и во другите делови на светот.
Експертите од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) треба да се состанат денеска за да дадат препорака за тоа кој треба и може да ја прими подобрената верзија на вакцината, пренесува Танјуг.