САД во вторник го ажурираа своето предупредување за патување во Италија, повикувајќи ги сите потенцијални посетители на земјата да „покажат зголемена претпазливост поради ризикот од тероризам“.
„Постои ризик од тероризам во Италија, како што се терористички напади и слични активности“, се вели на веб-страницата на американскиот Стејт департмент.
Членката на ЕУ, која се гордее со бројни популарни туристички дестинации како што се Рим, Венеција и Фиренца, сега има предупредување од второ ниво на листата на туристички дестинации на Стејт департментот, според ДПА.
Листата се состои од четири категории, а четвртата значи препорака да не се патува во одредена земја.
Веб-страницата на Стејт департментот предупредува дека „терористите можат да нападнат со минимално или без никакво предупредување“.
Туристичките места, црквите, аеродромите, хотелите и рестораните се наведени како чести цели, објавува Ал Џезира.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп сè уште не ги навела причините за новата класификација.
Земјите-членки на ЕУ, како што се Германија, Франција и Шпанија, исто така издадоа предупредувања од втор степен.
Италија е една од најпопуларните европски дестинации за Американците. Според најновите статистички податоци, повеќе од 7,5 милиони американски туристи и деловни луѓе ја посетуваат таа земја секоја година.
Голем број американски туристи моментално престојуваат во Рим, привлечени таму од изборот на новиот папа Лав XIV.
Роберт Франсис Превост, роден во Чикаго, е првиот поглавар на Католичката црква од Соединетите Американски Држави.