САД му одговорија на Путин: Русија, а не санкциите, предизвикува криза со храна во светот

Сподели со своите пријатели

САД го отфрлија повикот на рускиот претседател Владимир Путин до Западот да ги укине економските санкции со цел да продолжи извозот на жито од Украина.

– Русија е таа која активно го блокира извозот на храна од украинските пристаништа и ја зголемува гладта во светот. Тие се оние кои предизвикуваат недостиг на храна, изјави портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.

 

Романија го враќа МИГ-21 во употреба поради војната во Украина

 

Русија треба „веднаш да ја запре војната против Украина“, која се одрази на глобалната безбедност на храната, додаде Жан-Пјер, пренесува Дојче веле.

Во телефонскиот разговор со италијанскиот премиер Марио Драги, Путин рече дека Русија е подготвена да даде „значаен придонес“ за избегнување на претстојната криза со храна, доколку Западот ги укине острите економски мерки што и беа наметнати по инвазијата на Украина.

 

Џонсон: Путин прави бавен, но опиплив напредок во Донбас

 

Западот воведе санкции без преседан на Русија, откако Путин нареди војниците да влезат во соседна Украина на 24 февруари.