Американските власти обвинија маж за убиство од прв степен, откако во неделата избоде и уби свештеник во црква.
Осомничениот е обвинет и за кражба и поседување оружје, јавува Си-Би-Ес Њуз.
Пречесниот Стивен Гутгсел, од црквата Св. Јован Крстител во Небраска, бил нападнат во црква.
При нападот успеал да повика полиција, пренесува Индекс.
Кога полицајците пристигнале на местото на настанот околу 5:00 часот по локално време, го нашле Гутгесел како лежи во кујната на црквата.
Имал убодни рани по лицето и телото, а осомничениот Кјер Л. Вилијамс бил над него.
Свештеникот бил пренесен во болницата на Универзитетот во Небраска, каде подоцна починал од повредите.
Тој имал 65 години, објавија локалните медиуми.
Убиство со умисла
Оружјето со кое е извршено убиството било пронајдено во близина, во посебна спална соба.
Од полицијата велат дека кога пристигнале ја нашле вратата скршена и слушнале како некој вика помош од кујната.
Вилијамс бил уапсен и одведен во затвор.
Засега не се знае каква врска имале Вилијамс и Гутгсел, но полицијата наведува дека се работи за „убиство со умисла што е намерно извршено при кражба“.
Вилијамс веќе е осуден, а против него се распишани потерници во други американски држави.