САД ќе ги користат сите средства за да ги зашти сојузниците

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави ќе го искористат целиот свој вооружен потенцијал, вклучително и конвенционални и нуклеарни проектили, за да ги заштитат своите сојузници Јужна Кореја и Јапонија, најави заменик-државниот секретар на САД Венди Шерман.

Loading...

Шерман на заедничката прес-конференција во Токио со претставниците на Јапонија и Јужна Кореја посочи дека честото истрелување на балистички ракети се најновите провокации на Северна Кореја.

„Ја повикуваме Северна Кореја да се воздржи од дополнителни провокации“, рече Шерман, нарекувајќи ги дејствијата на Пјонгјанг „непромислени и длабоко дестабилизирачки за регионот“, објави Ројтерс.

Првиот заменик-министер за надворешни работи на Јужна Кореја Чо Хјун-Донг рече дека претставниците на трите земји се согласиле дека ќе бидат потребни нови акции доколку Северна Кореја продолжи со нуклеарната проба.