САД ќе даде две милијарди за зајакнување на полската војска

Сподели со своите пријатели

Американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека САД потпишале договор за директен заем со Полска во вредност од две милијарди долари за модернизација на армијата.

Loading...

„Полска е силен сојузник на САД, а нејзината безбедност е од витално значење за колективната одбрана на источното крило на НАТО. Полска покажа цврста посветеност за зајакнување на регионалната безбедност преку нејзините инвестиции во трошоците за одбрана“, се вели во соопштението.

Се додава дека Полска планира значително да ги прошири можностите на своите вооружени сили и да престане да користи воена опрема од руско потекло.

„Заемот дополнително ќе ги зајакне напорите на Полска во врска со воената модернизација и значително ќе придонесе за зајакнување на одбраната на источното крило на НАТО“, посочува Стејт департментот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Либан и Хезболах се согласија со американскиот предлог за прекин на огнот со Израел