САД ја затворија амбасадата во Белорусија

Сподели со своите пријатели

САД денеска ја затворија амбасадата во Белорусија и дозволија дел од персоналот на амбасадата во Москва да ја напушти Русија поради војната во Украина.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен објави дека амбасадата во Минск ја прекинува својата работа и дека одобрила заминување на непотребниот американски персонал од Москва.

„Ги презедовме овие чекори поради безбедносни проблеми предизвикани од неиспровоцираниот и неоправдан напад на руските воени сили врз Украина“, рече Блинкен.