САД: Ја убил поранешната сопруга и пет лица, фатен по потера

Сподели со своите пријатели

Со пушка и два други пиштоли, Ричард Дејл Крам (52) во петокот тргнал во крвава драма во која убил шест лица во мало американско гратче во државата Мисисипи.

Loading...

Неговите жртви биле на различни локации, вклучувајќи продавница и два домови во Аркабутла, место каде што живеат помалку од 300 луѓе.

Полицијата за убиствата го товари уапсениот 52-годишник, но сѐ уште не е познато што го натерало да тргне во крвав дивеење. Се верува дека дејствувал сам.

Се започна во петокот околу 11 часот, кога пред продавница и бензинска пумпа во Аркабутла уби маж во автомобил.

Додека инспекторите беа на местото на првото злосторство, дојде повик за уште едно пукање.

Дејл отишол во блиската куќа каде ја убил поранешната сопруга, а како што пишува АП, го ранил и нејзиниот сегашен сопруг.

Напаѓачот потоа со автомобил се упатил кон својата куќа и ги убил очувот и неговата сестра во куќата до неговата. Зад куќата на Дејл, инспекторите пронашле и тела на двајца убиени работници, едниот на патот, а другиот во џип.

Дејл бил забележан во автомобилот и по кратка бркотница бил запрен и приведен.

Loading...

Ова е 73. масовно пукање од почетокот на годината во САД, јавува Би-Би-Си.