САД ја критикуваа Северна Кореја за лансирање на сателит

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави ја критикуваа Северна Кореја за лансирање на ракета со сателитски пренос со балистичка технологија, објави Белата куќа.

Loading...

Лансирањето е „безобразно кршење на неколку резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации, ги зголемува тензиите и ризикува да ја дестабилизира безбедносната ситуација во регионот и пошироко“, рече портпаролката на Советот за национална безбедност на САД, Адриен Вотсон во изјавата, пренесува Хина, повикувајќи се на Ројтерс.

Предупредувања од Сеул

Северна Кореја објави дека успешно го ставила во орбитата својот прв шпионски сателит, објавија севернокорејските државни медиуми.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го надгледуваше лансирањето во вторникот вечерта, објави новинската агенција КЦНА, додавајќи дека земјата ќе лансира повеќе сателити во блиска иднина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ: Путин е подготвен да се сретне и да разговара со Трамп. Без никакви услови

На почетокот на оваа година, Северна Кореја двапати се обиде да лансира „шпионски сателити“, но безуспешно.

Јужнокорејските власти во последните денови предупредија дека се чини дека наскоро ќе се обидат повторно.