САД ја исфрлија Турција од програмата за продажба на авионите Ф-35

Сподели со своите пријатели

Белата куќа порача дека Турција со одлуката за купување на рускиот систем за противвоздушна одбрана S-400 го оневозможила своето учество во програмата за борбените авиони Ф-35, јавува Ројтерс.

Loading...

– Ф-35 не може да функционира со руската разузнавачка платформа која ќе биде користена за да се откријат неговите напредни можности, се наведува во соопштението од Белата куќа.

Ројтерс оценува дека Белата куќа истовремено се обидува да го ублажни влијанието на таа одлука врз американско-турските односи, истакнувајќи дека Вашингтон и натаму „многу ја вреднува“ стратешката врска со Анкара и дека тој однос меѓу нив како НАТО сојузници не е само за програмата Ф-35.

Со оценка дека „воената соработка е силна“ Белата куќа најавува дека ќе продолжи имајќи ги предвид ограничувањата поради присуството на системот S-400 во Турција.

Во Турција минатата седмина започнаа да пристигнуваат делови за рускиот систем, откако Анкара остана глува на претходните предупредувања од Вашингтон дека потоа Пентагон ќе ги исклучи од програмата за борбени авиони, со можност на Турција да и бидат наметнати и санкции.

Американскиот претседател Доналд Трамп потоа рекол дека „не е фер“ ниту кон Турција ниту кон САД што Вашингтон не може на Анкара да и ги продаде борбените авиони, вредни милијарди долари, откако Турција купила руски систем за противвоздушна одбрана.

Вашингтон смета дека со поседувањето на S-400 Русија би можела да добие информации за напредниот „стелт“ систем на авионите Ф-35.

Image by skeeze from Pixabay

Loading...

Leave a Reply