Американската војска соопшти дека извршила напад со дрон против „организаторот“ на Исламска држава Хорасан (ИСИС-К) во текот на ноќта, што е прва официјална американска воена операција по неодамнешниот самоубиствен напад на групата на аеродромот во Кабул.
„Нападот со дрон се случи во авганистанската провинција Нангархар. Според првите информации, ние ја убивме целта“, рече Бил Урбан од Централната воена команда на САД.
Службеникот додаде дека според нивните информации, нема цивилни жртви и наведе дека ова е прв воздушен напад на американската армија по нападот на аеродромот во Кабул, кој беше извршен во четвртокот.
Нападот на американската армија се случи додека евакуацијата на аеродромот во Кабул продолжи под строг надзор.
Пред американскиот напад, Амбасадата на САД во Кабул побара од своите граѓани да го напуштат пристапот до аеродромот.
Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во четвртокот на аеродром во кој загинаа 13 американски војници и неколку десетици цивили.