САД испраќаат воена помош од 150 милиони долари за Украина

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден денеска одобри нов пакет воена помош за Украина, кој ќе вклучува дополнителна артилериска муниција, радари и друга воена опрема во вредност од 150 милиони долари, пренесува Танјуг.

Loading...

Бајден рече дека со оваа испорака неговата администрација „речиси ги исцрпила“ средствата одобрени од Конгресот за Украина во март и ги повика конгресмените брзо да ја одобрат новата помош во вредност од 33 милијарди долари, пренесува АП.

„Испраќаме оружје и опрема одобрени од Конгресот директно на линијата на фронтот за слободата на Украина. Американската поддршка, заедно со придонесот на нашите сојузници и партнери, е од клучна важност за помош во борбата против Киев и за спречување на воените цели на Путин во Украина“, рече Бајден.

Британија донира генератори

Британската влада денеска соопшти дека на Украина ќе и донира 287 мобилни генератори за струја, покрај 569 генератори што ги донира претходно, пренесува Танјуг.

Новите генератори, кои се доволни за напојување на речиси 8.000 домови, ќе се користат за болници, засолништа и други услуги, објави Одделот за бизнис, енергија и индустриска стратегија, пренесува Ројтерс.