САД испраќаат шест ловци Ф-22 во Полска

Сподели со своите пријатели

САД префрлаат шест ловци-бомбардери од петта генерација Ф-22 Раптор во воздухопловната база Луск во Полска, покажуваат податоците на командата на американските воздухопловни сили во Европа.

Loading...

Во Европа е предвидено да пристигнат уште шест авиони Ф-22, пренесува агенцијата Интерфакс и наведува дека тие би можеле да бидат распоредени во базата Суда Беј на грчкиот остров Крит.

Овие борбени авиони, како што најави командата на американските воздухопловни сили во Европа, „ќе го зајакнат штитот на сојузниците на НАТО од Балтикот до Црното Море“.

Во април, ескадрила американски ловци-бомбардери F/A-18C Hornet пристигна во базата Луск во Полска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силна ерупција на Камчатка: Вулкан исфрлa пепел висок 11,5 километри

Покрај тоа, САД испратија група ловци Ф-15 Игл во Полска во февруари, со цел да се зајакне колективната одбрана на НАТО.