САД: Исламски екстремист осуден за 28 злосторства, со камион убил осум лица

Сподели со своите пријатели

Исламскиот екстремист кој уби осум лица со пикап на велосипедска патека во Њујорк во 2017 година, е осуден за 28 федерални злосторства и може да се соочи со смртна казна.

Loading...

Саифул Саипов беше прогласен за виновен за убиство и давање поддршка на Исламската држава, откако поротниците расправаа за пресудата повеќе од седум часа, пренесува АП.

Поротата за неколку дена ќе расправа дали Саипов треба да биде осуден на смрт или доживотен затвор.

Американското Министерство за правда минатата година соопшти дека има намера да побара смртна казна за Саипов, и покрај мораториумот на федералните егзекуции што започна во јули 2021 година, а Саипов може да се соочи со доживотен затвор без помилување, покрај смртната казна.

Според АП, Саипов изнајмил пикап во близина на неговиот дом во Њу Џерси, се упатил кон патека покрај реката Хадсон и косел неколку велосипедисти пред да удри во училишен автобус во близина на Светскиот трговски центар, а потоа излегол од камионот викајќи на арапски „Господ е голем“, додека во рацете држи пиштол за пејнтбол.

Во него пукал полицаец кој мислел дека Саипов носи вистинска пушка.

Саипов, кој легално емигрирал во САД од Узбекистан во 2010 година, седеше мирно на судењето, за разлика од рочиштето во 2019 година, кога постојано го прашуваше судијата зошто му се суди за осум смртни случаи, кога „илјадници муслимани умираат низ целиот свет.

Обвинителите рекоа дека Саипов напаѓал цивили за да ги имитира дејствата на Исламската држава и со тоа да ги зголеми своите шанси да стане член, и дека се чини дека е задоволен од она што го направил, додека се смешкал додека разговарал со агент на ФБИ по неговото апсење.

Loading...