САД им се заканија на Иран и Хезболах дека ќе се приклучат на војната ако го нападнат Израел

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, за време на неговата посета на Блискиот Исток, преку регионалните партнери испрати порака до Иран и Хезболах дека САД се подготвени воено да интервенираат доколку започнат војна против Израел.

Loading...

Како што пишува Њујорк Тајмс, целта на посетата била да се спречи ширењето на војната надвор од Појасот Газа и да се одвратат Иран и Хезболах да влезат во конфликт со Израел.

Американскиот државен секретар пред два дена го посети Багдад, поддржувајќи го ирачкиот премиер Мохамед Шија Ал Судани и испрати порака до Иран за посветеноста на Америка за безбедноста на американскиот персонал.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Блинкен: Хамас регрутирал онолку милитанти колку што изгубил во израелските напади

Блинкен го посети и окупираниот Западен Брег и се сретна со претседателот на палестинската управа Махмуд Абас.

Блинкен и Абас разговараа за напорите за враќање на мирот на Западниот Брег, каде нападите на израелската војска и смртоносните напади од вооружени израелски доселеници се зголемени по нападот на 7 октомври.

За време на посетата на израелските власти, Блинкен приватно предложи начин да се намали бројот на цивилни жртви.

Тој побара од Израел да користи помали бомби.