САД и Шведска потпишаа Договор за одбранбена соработка

Сподели со своите пријатели

САД и Шведска потпишаа договор за одбранбена соработка, со кој нордиската земја ги зајакнува воените сојузи додека чека одобрение за влез во НАТО, објави Стејт департментот.

Loading...

„Шведска е силен, способен одбранбен партнер кој ги претставува вредностите на НАТО и дополнително ќе ја зајакне Алијансата кога ќе заврши процесот на пристапување во НАТО“, се вели во писмената изјава на Стејт департментот, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.

Се додава дека членството на Шведска ќе ја зајакне колективната одбрана на НАТО и ќе ја зголеми способноста на Алијансата да одговори на безбедносните предизвици во евроатлантската област.

Шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон рече дека се надева оти пристапувањето ќе се случи „што е можно поскоро“, но не даде проценка кога Турција и Унгарија, единствените две членки на НАТО кои сè уште не и дале зелено светло на Шведска, ќе го одобрат нејзиниот пристап.

Сите членки на НАТО мора да ја одобрат одлуката

Турција ја одложи ратификацијата повеќе од една година, обвинувајќи ја Шведска дека не ги сфаќа доволно сериозно турските безбедносни грижи, вклучително и борбата против курдските и другите групи кои Анкара ги смета за закана.

Шведска и Финска, кои се приклучија на НАТО во април, ја напуштија својата политика на неутралност и аплицираа за членство во алијансата по почетокот на руската инвазија на Украина кон крајот на февруари 2022 година.

За да се примат нови членки, сите постоечки членки на Северноатлантскиот договор мора да ја одобрат одлуката.