Повеќе од 50 американски и јапонски воени авиони летаа над водите кај Јапонија оваа недела во услови на зголемени тензии со Кина и Русија.
На воените вежби учествуваа десет авиони Ф-22 на американското воено воздухопловство, четири авиони Ф-35 и 13 авиони Ф-15, соопшти вчера јапонското Министерство за одбрана.
Заедно со американските воени авиони, на небото можеа да се видат 20 јапонски ловци Ф-15 и Ф-2 и три американски извидувачки авиони, пишува Си-Ен-Ен.
Лет над спорниот архипелаг
Јапонски и американски борбени авиони летаа на небото над Јапонското Море, Тихиот Океан и Источното Кинеско Море со цел „подобрување на тактичките вештини и заеднички одговор на кризни ситуации“, соопшти јапонското Министерство за одбрана.
Исто така оваа недела, американски и јапонски поморски патролни авиони спроведоа вежба во близина на островите Нансеи, најблиската територија на Јапонија до Тајван, и во близина на островите Сенкаку, ненаселена низа острови под јапонско владеење за кои Кина тврди дека и припаѓаат на нејзина територија.
Кинеската крајбрежна стража и бродовите на морнарицата поминале најмногу време досега во водите околу Сенкаку оваа година, според јапонското Министерство за одбрана.
Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти претходно оваа година дека патролите на кинеската крајбрежна стража во водите околу островите се „соодветно остварување на сувереното право на Кина“.
Тренинг и вежби за стратешко одвраќање
Во меѓувреме, кинеските и руските воени бродови се повеќе присутни околу Јапонија во последните недели.
Вежбите оваа недела се одржаа откако американските воздухопловни сили преместија дел од своите војници во Индо-Пацификот.
Два бомбардери Б-2 се распоредени од базата во Мисури до кралската австралиска воздухопловна база Амберли, каде што ќе спроведуваат мисии за обука и стратешко одвраќање со сојузниците, партнерите и заедничките сили за поддршка на слободен и отворен Индо-Пацифик, САД Пацифичките воздухопловни сили соопштија во неделата.силите (PACAF).