Соединетите Американски Држави и Европската Унија подготвуваат дополнителни санкции против Русија, изјави денес францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.
Баро, во пресрет на продолжението на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи во Анталија, Турција, прецизираше дека новите санкции ќе се однесуваат на енергетскиот и финансискиот сектор на Русија, објави Ројтерс.
Неформален состанок на министрите за надворешни работи на НАТО се одржува во Анталија од 14 до 16 мај, а една од темите на дискусија е завршувањето на војната меѓу Русија и Украина.
За денес во Турција се закажани преговори меѓу делегациите на Русија и Украина, чија тема е прекинот на огнот во Украина, кој треба да се одржи во Истанбул.
Неколку министри за надворешни работи кои учествуваа на состанокот на министрите на земјите-членки на НАТО изразија незадоволство од перцепираното ниско ниво на руската делегација во преговорите со Украина, кои ќе ги води помошникот на рускиот претседател Владимир Путин, Владимир Медински, пренесува Танјуг.