САД и Британија одбија еден од најголемите напади на Хутите на Црвеното Море

Сподели со своите пријатели

Јеменските бунтовници Хути синоќа извршија еден од најголемите напади врз бродови во Црвеното Море, но американската и британската морнарица ги соборија сите беспилотни летала и проектили.

Loading...

Воените власти соопштија дека нема штета и повредени, пренесува Гардијан.

Хутите, кои се поддржани од Иран, го извршија нападот иако за денеска е закажана седница на Советот за безбедност на Обединетите нации, на која ќе се осудат нападите и ќе се бара нивно прекинување.

Бунтовниците велат дека нивните напади имаат за цел да ја запрат израелската војна против Хамас во Појасот Газа.

Сепак, бродовите што тие ги таргетираат имаат мала или никаква врска со Израел, а нападите се закана за една од клучните светски трговски патишта што ги поврзува Азија и Блискиот Исток со Европа.

Нападот се случил во близина на јеменските пристанишни градови Ходеида и Мока, според приватната разузнавачка фирма Амбреи.

Американската воена команда соопшти дека „комплексниот напад“ извршен од Хутите вклучувал беспилотни летала кои носеле бомби, противбродски крстосувачки ракети и една противбродска балистичка ракета.

„Ова е 26-ти напад на Хутите на комерцијалните бродски ленти во Црвеното Море од 19 ноември. На бродовите им се препорачува да бидат внимателни при транзитот и да пријават каква било сомнителна активност“, соопшти американската команда.

Loading...