САД го отфрлија барањето на ЕУ за зголемување на притисокот врз Русија

Сподели со своите пријатели

Американските воени претставници го отфрлија во Киев предлогот на европските дипломати за дополнително зголемување на притисокот врз Русија со цел да се забрза постигнувањето на мировен договор во Украина, пишува „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори запознаени со текот на разговорите.

„Како што состанокот се приближуваше кон крајот, амбасадорите на ЕУ рекоа дека, наместо да ја прифатат моментално понудената рамка, треба да го зголемат притисокот врз Русија. Американците одговорија дека предложените услови се најмногу што Украина реално може да се надева“, пишува весникот.

Според еден европски дипломат, ситуацијата за Киев и Брисел „се покажува уште потешка од очекуваното“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кој е човекот на Путин зад нацрт-планот на Трамп за Украина?

На 20 ноември, украинскиот пратеник Олексиј Гончаренко објави документ со 28 точки од мировниот план на претседателот Доналд Трамп.

Според информациите на „ФТ“, украинските претставници остро го критикувале предлогот и го сметаат за неприфатлив без значајни измени, додека Вашингтон очекува претседателот Володимир Зеленски да го потпише договорот до 27 ноември.

Планот предвидува повлекување на Украина од НАТО, воспоставување нови граници, воспоставување тампон зона, ограничувања за украинските вооружени сили и користење на замрзнати руски средства како финансиски механизам.

Зеленски претходно предупреди дека постои растечки притисок врз Украина да влезе во мировни преговори под услови кои, како што рече, би можеле да ги загрозат националните интереси на земјата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Орбан: Политиката на ЕУ мора да се врати на вистинскиот пат, нема да издвоиме средства за Украина