САД го обвинуваат Иран дека е вмешан во нападите врз бродови во Црвеното Море

Сподели со своите пријатели

Иран е „длабоко вклучен“ во планирањето на операциите против комерцијалниот брод во Црвеното Море и нивното разузнавање беше клучно за да им се овозможи на јеменските Хути да ги таргетираат бродовите, објави денеска Белата куќа.

Loading...

„Немаме причина да веруваме дека Иран се обидува да ги одврати Хутите од ова непромислено однесување“, рече портпаролката на Белата куќа за национална безбедност Адриен Вотсон, пренесе Ројтерс.

Хутите, кои се поддржани од Техеран, ја презедоа одговорноста за неколку напади врз трговски бродови во Црвеното Море, што поттикна многу превозници да ги пренасочат своите бродови преку Кејп Добра надеж, со големи финансиски загуби.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уште еден обид за атентат врз Трамп