Забраната што американскиот претседател Џозеф Бајден ја воведе за американскиот увоз на руска нафта и други енергетски извори во вторникот не вклучува забрана за увоз на ураниум за нуклеарните централи, според добро информиран извор запознаен со ова прашање, пренесува Ројтерс.
Енергетската индустрија на САД се потпира на Русија и нејзините сојузници Казахстан и Узбекистан за околу половина од ураниумот што го користи за напојување на своите нуклеарни централи.
Објавени нови сателитски снимки од рускиот конвој во близина на Киев
Оваа гранка на американската енергетика лобираше во Белата куќа да не се забрани увозот на ураниум од Русија, и покрај инвазијата на Москва на соседна Украина, пренесува Ројтерс.
Нема производство или преработка на ураниум во САД, иако неколку компании посочија дека би сакале да го обноват домашното производство во Тексас или Вајоминг доколку производителите на нуклеарна енергија потпишат долгорочни договори за снабдување.
Во документот на Белата куќа, кој беше објавен откако Бајден ја објави забраната за увоз на руска нафта и ги сумираше санкциите воведени од САД кон Русија, не се споменува ураниум, додава извор на Ројтерс.
Производството на ураниум во Русија е контролирано од Росатом, државна компанија основана од рускиот претседател Владимир Путин во 2007 година.
Објавени нови сателитски снимки од рускиот конвој во близина на Киев
Компанијата обезбедува значителни приходи за Москва, а исклучувањето на ураниумот од листата на американски увозни санкции веројатно ќе ги поттикне шпекулациите и критиките дека американските компании финансиски ја поддржуваат руската економија, наведува Ројтерс.