САД ги предупредија своите граѓани веднаш да го напуштат Судан

Loading...
Сподели со своите пријатели

Ситуацијата во Судан може да се влоши и американските граѓани треба да ја напуштат африканската земја во следните 24 до 48 часа, изјави денеска портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.

Жан-Пјер изјави дека е малку веројатно ситуацијата да се подобри, пренесува Ројтерс.

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден е загрижена дека се прекршува договорот за прекин на огнот.

Стејт департментот претходно го евакуираше својот конзуларен персонал.