САД ги олеснуваат патните ограничувања наметнати на Куба

Сподели со своите пријатели

Олеснувањето на мерките значи и зајакнување на конзуларните служби и визниот процес во американската амбасада во Хавана, со цел да се овозможи што поголем број Кубанци кои сакаат да влезат во САД да ги посетат своите роднини.

Loading...

Укината е и ограничувањето за трансфер на пари на Кубанците од Соединетите Американски Држави од страна на членовите на семејството.

 

Во тајна операција украинските војници изнесени од Азовстал (ВИДЕО)

 

Олеснувањето на ограничувањата се очекува да доведе до одредено зголемување на патувањата меѓу двете земји.

Дополнително, кубанските претприемачи сега треба да имаат полесен пристап до онлајн услугите на САД и до онлајн трговските платформи.

Кубанското Министерство за надворешни работи во соопштението рече дека олеснувањето на мерките е „ограничено, но чекор во вистинската насока“.

Loading...

 

Во тајна операција украинските војници изнесени од Азовстал (ВИДЕО)

 

Но, одлуката на американската администрација за ублажување на мерките не менува ништо за американското ембарго против Куба, односно економските санкции што ги воведе поранешниот американски претседател Доналд Трамп, соопшти кубанското министерство.

Кон крајот на април оваа година, САД и Куба одржаа директни преговори на високо ниво за миграцијата за прв пат по четири години.

Високите функционери разговараа, меѓу другото, за спроведувањето на постоечките договори за имиграција.

 

Во тајна операција украинските војници изнесени од Азовстал (ВИДЕО)

Loading...

 

Кубанското Министерство за надворешни работи ги критикуваше САД дека не го почитуваат билатералниот договор кој на граѓаните на Куба им гарантира 20.000 визи годишно.

Висок американски функционер сега рече дека таа бројка треба да се достигне што е можно поскоро.

Администрацијата на Трамп го поништи напредокот во преговорите меѓу САД и Куба, кој беше постигнат во времето на претседателот Барак Обама.

 

Столтенберг: Разбирлив е ставот на Турција за проширувањето на НАТО

 

Трамп ги засили санкциите кон Куба. Тој воведе забрана за влез во САД на поранешниот кубански претседател Раул Кастро и го ограничи трансферот на пари во Куба.

Loading...