САД ги намалуваат царините за кинески пратки со ниска вредност

Сподели со своите пријатели

На почетокот на мај, владата на САД одлучи да го укине бесцаринскиот увоз на пратки со ниска вредност од Кина и Хонг Конг, отстранувајќи ги исклучоците врз основа на регулативата „de minimis“ што ја користеа платформите за е-трговија како Shein и Temu.

Loading...

Производите во вредност до 800 долари што пристигнуваат по пошта од Кина подлежат на царински давачки од 120 проценти од вредноста на пакетот или фиксна такса од 100 долари по пакет од почетокот на мај.

Таа такса требаше да се удвои во јуни.

Но, сега Белата куќа одлучи да ја намали царинската давачка за пратките на 54 проценти, а оваа одлука следеше само неколку часа откако Пекинг и Вашингтон постигнаа договор за намалување на тарифите воведени на 2 април.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп оди во земјите од Заливот, сака економски договори

Воведувањето на фиксна такса од 200 долари исто така ќе биде одложено, односно ќе се задржи претходно воведената такса од 100 долари.

Бројот на пратки што влегуваат во САД без царина се зголеми во последниве години, па повеќе од 90 проценти од сите пакети имаа корист од ослободувањето од плаќање царински давачки според правилото „de minimis“.

Од тоа, околу 60 проценти доаѓаат од Кина, предводени од онлајн продавници како „Тему“ и „Шеин“.

Правилото „de minimis“ на САД, кое датира од 1938 година, е предмет на сè поголеми критики и од демократските и од републиканските пратеници.

Loading...

Некои од нив повикаа на „крај на таа дупка во законот“ што им овозможува на евтините кинески производи да ги преплават САД и да ја поткопаат американската индустрија, а воедно служи и како покритие за шверц на нелегални стоки како што се дрогата и супстанциите потребни за нивно производство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Санкциите против Сирија во фокусот на посетата на Трамп на Катар

Патем, ЕУ планира да го укине и третманот без царина за пакети нарачани преку интернет, чија вредност е помала од 150 евра, но дури во 2028 година.

Во меѓувреме, Франција е за воведување такса за пакети со ниска вредност што пристигнуваат во ЕУ преку е-трговија од 2026 година, со цел да се воспостави поголема контрола врз кинеските онлајн платформи како што се „Шеин“ и „Тему“, кои им испорачуваат евтини артикли на европските потрошувачи без царина.