САД, Франција и Британија ја нападнаа Сирија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави, Велика Британија и Франција ноќва ги започнаа воздушните напади врз цели во Сирија, а во Дамаск дејствуваше противвоздушната одбрана, јавуваат светските агенции.

Американскиот претседател Доналд Трамп наредил прецизни удари на САД врз постројбите за хемиско оружје на претседателот Башар ал Асад, а командантот на Здружениоет генералштаб на вооружените сили на САД, ЏОзев Данфорд потврди дека се изведени три удари.

Овој напад американскиот претседател го наредил недела дена по наводниот напад со хемиско оружје во Дума, во кој загинаа најмалку 60 лица, пренесува ВОА.

Трамп рекол дека операцијат ана војската на САД заедно со Британија и Франција е во тек, но не споделуваше детали.

Генералот Данфорд потврди дека се изведени три удари – првиот на научниот центар во близина на Дамаск, вториот западно од Хомс и третиот на локацијата во близина, за која се смета дека токму таму се чуваат складовите за хемиско оружје и командниот центар.

Засега, како што соопштува Пентагон, нема податоци за жртви.

Leave a Reply