Два американски воени хеликоптери Блек Хок се урнаа синоќа за време на обука над Кентаки, соопшти војската.
Статусот на членовите на екипажот во моментов не е познат, изјави рано утрово портпаролката на американските вооружени сили Нондис Турман, без да го прецизира бројот на членовите на екипажот на хеликоптерот.
Гувернерот на Кентаки: Може да се очекуваат жртви
Гувернерот на Кентаки Енди Бешеар на Твитер објави дека се очекуваат жртви и дека Федералната полиција на Кентаки и Одделот за управување со вонредни состојби испратиле луѓе на терен.
Причината за падот на двата хеликоптери во 1 часот по полноќ по средноевропско време се истражува. Хеликоптерите слетале во областа Триг Каунти.
Портпаролката на армијата рече дека фокусот на командата сега е на грижата за екипажот и нивните семејства.