САД дозволија аптеките да издаваат апчиња за прекинување на бременоста

Сподели со своите пријатели

Според новата одлука на администрацијата на претседателот Џозеф Бајден, аптеките на мало во Америка ќе можат да издаваат апчиња за абортус мифепристон.

Loading...

Оваа пилула пациентите можат да ја добијат само лично од здравствен работник, јавува Би-Би-Си на српски.

За тоа сепак ќе биде потребен лекарски рецепт, но пациентите сега ќе можат да го подигнат лекот во аптека или со нарачка.

Апчињата за абортус се се повеќе барани по минатогодишната одлука на Врховниот суд на САД, со која беше поништено федералното право на абортус.

Неколку држави го забранија или строго го ограничија пристапот до абортус.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Околу 500 луѓе останаа без покрив над главата во пожар во зграда кај Варшава

Во декември 2021 година, Управата за храна и лекови (ФДА) објави дека трајно ќе го прекине барањето пациентите да мора лично да земат рецепт од давател на здравствена заштита.

Американското здружение на акушери и гинеколози оваа одлука ја нарекува важен чекор напред“.

Мифепристон се зема во комбинација со друг лек – мизопростол – и обично се зема во рок од 10 до 12 недели од почетокот на бременоста.

Loading...

Сите аптеки – од големи синџири до мали локални аптеки – сега можат да аплицираат за сертификат за продажба на мифепристон.

Жените во повеќе од десетина држави каде што абортусот е нелегален, најверојатно ќе мора да патуваат во други држави за да ја земат таблетата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ферибот потона кај Бали: Шест лица загинаа, 30 се водат како исчезнати (ВИДЕО)