САД: Четворица полицајци убиени додека носеле налог за апсење

Сподели со своите пријатели

Четворица полицајци се убиени, а четворица се ранети додека носеле налог за апсење поради поседување огнено оружје во градот Шарлот во американската сојузна држава Северна Каролина.

Една група полицајци била нападната при доставувањето на налогот, а потоа дошла друга група полицајци и го убиле напаѓачот, по што друг напаѓач отворил оган врз нив, пренесува АП.

Началникот на полицијата Џони Џенингс изјави дека по тричасовно пукање, полицијата интервенирала со оклопни возила и упаднала во куќата, каде биле пронајдени жена и 17-годишно момче. Моментално се под истрага.

Американскиот претседател Џозеф Бајден бил информиран за инцидентот и телефонски разговарал со градоначалникот на Шарлот Ви Лајлс, според АП.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Двајца мажи во Замбија осудени за вештерство: Сакале да го убијат претседателот со магија