Бројот на случаи со коронавирус во САД се зголеми за околу 11 проценти во текот на изминатата недела, скоро исклучиво меѓу луѓето кои не биле вакцинирани, соопштија денеска американските власти.
Околу 93 проценти од случаите се случиле во области каде стапката на вакцинација е под 40 проценти, објави Ројтерс.
Тоа го рече директорот на Американскиот центар за контрола и превенција на болести, Рошел Валенски, изјавувајќи дека сите смртни случаи се регистрирани само кај невакцинираните.

