САД бараат суспензија на Русија од Советот за човекови права на ОН

Сподели со своите пријатели

САД ќе побараат од Генералното собрание на Обединетите нации да ја суспендира Русија од Советот за човекови права, изјави во понеделникот американскиот амбасадор во ОН, откако Украина ги обвини руските сили за убиство на десетици цивили во Буча.

Loading...

За суспензија за грубо и систематско кршење на човековите права може да се гласа со двотретинско мнозинство од 193-членото Генерално собрание на ОН во Њујорк.

„Учеството на Русија во Советот за човекови права е фарса“, рече американската амбасадорка во ОН Линда Томас-Гринфилд за време на посетата на Романија.

 

САД тајно тестирале хиперсонична ракета

 

„Ова е погрешно, затоа мислиме дека е време Генералното собрание на ОН да гласа за нивно протерување“, додаде таа.

Украина најави дека ќе ги искористи сите „достапни механизми на ОН“ за собирање докази за руските злосторства во земјата.

Loading...

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека „нема место за Русија во Советот за човекови права на ОН“.

 

Украинците објавија список на руски војници кои извршиле злосторства во Буча

 

Амбасадорката на САД рече дека сака гласањето да се одржи оваа недела.

Откако започна руската инвазија на Украина на 24 февруари, Генералното собрание усвои две резолуции со кои се осудува Русија со 140 гласа.

Русија продолжува да тврди дека спроведува „специјална воена операција“ на демилитаризација во Украина.

 

Loading...

Кадиров: Повеќе од 250 украински маринци се предадоа во Мариупол

 

„Апелирам до оние 140 земји кои се кренаа храбро: сцените од Буча и пустошењето низ Украина сега бараат од нас да ги преведеме нашите зборови на дело“, им рече амбасадорот Томас-Гринфилд на новинарите во Романија.

Амбасадорот на Русија во ОН, Василиј Небензија од Њујорк, видно изнервиран изјави дека обидот да се исклучи Русија од Советот е „неверојатен“ и дека тој потег нема да помогне во мировните преговори.

„Ова е повторно потег без преседан, нема да го олесни помагањето во процесот на мировните преговори меѓу Русија и Украина“, изјави Небензија на прес-конференција, пренесе Ројтерс.

 

Пјонгјанг ќе ја гаѓа Јужна Кореја со нуклеарно оружје доколку биде нападнат

 

Loading...

Тој повтори дека Русија не е одговорна за злосторствата во Буча, велејќи дека презентираните снимки се „наместени“. Тој најави дека Русија ќе презентира повеќе докази на состанокот на Советот за безбедност на ОН што ќе се одржи во вторник.

Украинските власти соопштија дека досега пронашле тела на 410 цивили во областите околу Киев, вклучително и Буча.

Руската војска во последните денови го олабавува обрачот околу Киев и на север за да ја фокусира својата воена офанзива на истокот на земјата.