САД: Антиковид вакцини за деца под 5 години најрано на 21 јуни

Сподели со своите пријатели

Антиковид вакцина за деца под пет години треба да почне да се дава најрано на 21 јуни, изјави високиот здравствен функционер во администрацијата на Бајден, Ашиш Џа.

Loading...

Д-р Џа, координатор на Белата куќа за борба против КОВИД, рече дека администрацијата на Бајден првично ќе обезбедила 10 милиони вакцини за сите американски држави.

Вакцините на компаниите Pfizer и Moderna ќе се најдат во аптеките и здравствените центри, објави CNBC.

Државите можат да почнат да нарачуваат вакцини уште денес, додаде Џа, но дозите може да се испорачаат само откако Управата за храна и лекови на САД (ФДА) ќе го одобри.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Германија расте омразата кон странците

ФДА треба да ја официјализира одлуката за давање вакцини на деца од предучилишна возраст по состанокот на независните експерти на агенцијата и да ги прегледа достапните податоци за вакцините на 15 јуни.

Потоа, Центрите за контрола и превенција на болести ќе дадат препорака со која се отстрануваат сите пречки за давање вакцина на децата.