12-годишно момче е уапсено под сомнение дека убил вработен во ресторан за брза храна во Тексас, Метју Дејвис (32).
Дејвис беше убиен во саботата кога се степал со Ендрју Гомез (20) на паркинг во ресторан во градот Кин, околу 40 милји југозападно од Далас.
Момчето било во ресторанот со Гомез, кој го предизвикал инцидентот на паркингот, пренесе АП.
За време на инцидентот, момчето отишло до автомобилот на Гомез, извадило автоматска пушка и неколкупати го застрелал Дејвис, се вели во соопштението на полицијата.
Дејвис бил итно пренесен во болница каде што била констатирана смрт, додаде полицијата.
Момчето користело автоматска пушка за време на пукањето, изјави началникот на локалната полиција Џејмс Кид за Dallas Morning News.
Гомез и момчето побегнале од местото на трагедијата, но Гомез подоцна се вратил и бил уапсен по налог за убиство, додека момчето, чие име не е објавено, било пронајдено во блискиот град Рио Виста, пренесува Танјуг.